Локалната власт на ДУИ во Кичево ги маргинализира граѓаните неалбанци

Локалната власт на ДУИ во Кичево ги маргинилизира граѓаните на општина Кичево од неалбанска националност, реагираат од Советничката група Кичевчани за Кичево.

На денешната 21-ва седница на Советот на Општина Кичево беа разгледувани годишните програми од основните и средните училишта и детската градинка „Олга Мицеска“.

-Додека претставникот на детската градинка Олга Мицеска беше тотално измачуван од прашања од страна на советниците на ДУИ кои не беа во контекст на годишната програма на оваа институција, доставената програма беше уредно образложена пред советот со сите свои програми и проекти што ке ги извршува во идната учебна година исто така  преведена.И оваа програма советниците на ДУИ се изјаснија негативно од непознати причини, велат од Советничката група Кичевчани за Кичево.

Тие нaгласуваат дека оваа советничка група секогаш на прво место го става интересот на граѓаните на Општина Кичево не правејќи разлика од етничка  верска или национална припадност, што го докажала со својата транспарентост и конструктивност низ изминатите седници на советот на Општина Кичево.

-Таа пракса оваа советничка група е во план да е задржи и понатака спротивно на дејствувањето на советничката група на ДУИ која што е слепа и глува за барањата и потребите на другите етникуми кои живеат во нашата општина освен за албанскиот.Како  пример ке го посочивме одолговлекување на изработувањето на деталниот урбанистички план, Ложионица  со кој треба да се отпочне изградба на православна црква во Кичево. План кој што се чува во фиоките на ЕЛС КИЧЕВО  од непознати причини, велат од Советничката група Кичевчани за Кичево.

Тие нагласуваат дека со ова уште еднаш се докажува  дека локалната власт на ДУИ во Кичево ги маргинилизира граѓаните на општина Кичево од неалбанска националност. Исто така, напоменуваат дека врз вработенитеод македонска националност  во ЕЛС КИЧЕВО и сите претпријатија и училишта формирани од општината  се вршат невидени притисоци врз нив.

После 12-тата точка, советниците  од коалицијата Кичевчани за Кичево ја напуштија седницата.

Exit mobile version