Двајца кичевчани во новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната редовна седница го избра новиот состав на Извршниот комитет на партијата поради истекот  на двегодишниот  мандат на актуелните членови на ова партиско тело.

Во новиот состав на ИК на ВМРО-ДПМНЕ се и кичевчаните: Антонио Милошоски, пратеник од Кичево во Македонското Собрание и Благоја Деспотоски Ташко, доскорешен градски татко на Кичево.

За нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ кој по функција е член и на Извршниот комитет  е избран Емил Димитриев.

Покрај двајцата кичевчани, за членови на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се и: Љупчо Трпевски, Никола Бакрачевски, Зоран Илиовски, Никола Поповски, Кирил Божиновски, Мартин Протоѓер, Зоран Ставревски, Гордана Јанкуловска, Владимир Пешевски, Силвана Бонева, Илија Димовски, Никола Тодоров, Сашо Мијалков, Владимир Ѓорчев, Коце Трајановски, Зоран Горгиевски, Ашим Зекировски и Момчило Аврамовски.

Во составот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ членуваат по функција и претседателот на Унијата на млади сили и претседателката на  Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.