Егзодус на Христијаните од Блискиот и Средниот Исток

Милиони Христијани континуирано ги напуштаат своите домови на Блискиот и Средниот Исток под закана од радикалниот Ислам. Ова го наведува во својата книга “Распнати повторно на крст: Нова војна на исламот против христијаните”, Рејмонд Ибрахим, експерт за Средниот Исток. Христијани се пред целосно исчезнување во Авганистан, Ирак, Египет…

Коптскиот Православен Патријарх за време на Велигденската литургија во Каиро, Египет. Христијаните сочинуваат 10% од 85 милионската популација на земјата и по „Арапската пролет“ се постојано на удар на исламистите. Фото: Ројтерс

Главната закана за Христијаните доаѓа во оној момент кога земјите ќе се „ослободат“ од своите диктатори. Ирак е првиот индикатор за тоа. Пред соборувањето на Садам Хусеин, Христијаните беа еден милион од вкупната популација на земјата. Денес се помалку од 400 000… Нивната бројка и понатаму опаѓа бидејќи или бегаат или се убивани. Како едни од начините на кој се убиваат се и обезглавувањето и распнувањето.

Во еден напад на црква во Багдад во 2010 година беа масакрирани околу 60 Христијани.

Откако со поддршка на САД започна „џихад“ против сирискиот претседател Башар Ал Асад, Христијаните се протеруваат од цели градови и региони од страна на исламистичките бунтовници. Христијаните тука живеат речиси од самите почетоци на христијанството, векови пред да дојдат првите исламски завојувачи.

Киднапирањата проследени со грабежи и убиства се вршат заедно со повиците во џамиите кои ги подучуваат муслиманите дека нивна „Света должност“ е да ги истераат Христијаните.

Последниот Христијанин  кој живееше во градот Хомс беше убиен во октомври 2012. Во Хомс живееја 80 000 Христијани пред да дојдат џихадистите.

Избегавме бидејќи тргнаа да не убијат, бидејќи сме Христијани. Нашите комшии се свртеа против нас. Кога тргнавме да бегаме скокнавме од балконот бидејќи неможевме да излеземе од вратата – вели млада Сиријка.

Во Египет околу 100 000 Христијани – Копти ја напуштиле земјата по почетокот на „Арапската пролет“. Во септември 2012, малата христијанска заедница на Синајскиот полуостров беше нападната од џихадисти на Ал Каеда. Коптската Православна Црква и пред овој напад посочуваше на нападите кои имаа за цел да ги протераат Коптските Христијани од нивните вековни огништа, со закани или на сила:

Прогоните започнаа во Амирија кога беа протерани 62 христијански фамилии, потоа се префрлија на Дахшур откаде беа протерани 120 христијански фамилии, а теророт продолжува врз Коптските дечиња на Синај.

Ирак, Сирија, Египет се дел од Арапскиот свет. Христијаните се на удар и во Африка но и во Европа, во земјите со мнозински муслимански заедници.

Во Мали, по државниот удар изведен од Исламистите, 200 000 Христијани ги напуштија домовите. Според извештаите, Христијаните во Мали се пред истребување, особено на северот од земјата каде бунтовниците се обидуваат да воспостават независна Исламска држава и да ги истераат Христијаните. Се пребаруваат куќите во потрага по Христијани, имотите на Христијаните и на црквата се ограбувани и разурнувани, се мачат луѓе со намера да откријат уште некој Христијанин. Најмалку еден поп е убиен.

Во европска Босна, Христијаните ја напуштаат масовно земјата, „поради дискриминација и обиди за исламизација“. Во земјата денес живеат околу 440 000 Христијани – Католици, половина од бројката која живееше таму пред војната.

Проблемите кои се јавуваат се веќе видени: „додека во Сараево се градат мноштво џамии, Христијаните неможат да добијат нити дозвола за изградба на црква.“ „Нашето време истекува додека радикализмот е во пораст,“ вели соговорник кој додава дека луѓето во Босна и Херцеговина биле „прогонувани со векови“ откако Европските сили одбиле да им помогнат во борбата против Отоманското царство.

И така историјата се повторува.

Извор: FOX

Exit mobile version