Еколошката свест во континуитет паѓа на испит

Честа слика во коритото на Сушица

По којзнае кој пат во Кичево иста слика. Во коритото на Сушица да се фрлаат бетонските корпи за ѓубре, дури пред некој ден во реката беше фрлена и металната мрежа за  собирање на пластична амбалажа.

И наместо сите да се погрижиме за да имаме поубав град , поединци го прават спротивното. Впрочем ниту одговорните од градот не можат  толку да исчитат, колку што луѓето можат да загадат.

Текст и фото: Зоран Антоски