ФОТО(И)СТОРИЈА: Еснафот кафе дома не пиет

„Еснафот кафе дома НЕ ПИЕТ!“ 🙂 Ова е доказ за историската поврзаност помеѓу кичевчанецот и кафеаната. Лезетот овековечен во оваа фотографија е од 30-те години на XX век. Кафеаната „Жупа“ се наоѓала на денешната улица „11 Октомври“ спроти старото Фото Зоран. Повеќето кичевчани местово сега го знаат како „кај ситничарана“. Објектот постои и денес, во сопственост е на орланчани, а тука се продаваат теписи. Лезетот постои и денес, тоа е видливо по тоа што во Кичево постојат над 50 кафиќи, кафеани… и сите работат добро. Нема друг град во Македонија кој на толку луѓе има толку угостителски објекти.