Кичевчанката Ева Димитриеска, најдобар играч во категоријата 2004/05 на Вардар Јуниор лигата

Успесите доаѓаат полека, со многу упорност и вежбање. На крај, убавината во сето тоа е патот што си го изодел до успехот. На млада годишна возраст да постигнеш забележителен успех е сатисфакција и за самото дете и за родителите, но и за врсниците и средината од која доаѓаш. 

Кичевчанката Ева Димитриеска беше прогласена за најдобар играч во категоријата 2004/05 на Вардар Јуниор лигата во сезоната 2017/18, за дечиња родени во 2008 и помлади дечиња.

Вардар Јуниор Лигата постои од 2015 година и во неа играат над 650 дечиња. Кичевската школа, традиционално, дава огромни таленти кои постигнуваат забележителни успеси. 

Посакуваме овие млади таленти еден ден да ја вратат славата на Кичево кој големиот тим на РК Кале ја донесе пред многу години.

Честитки до Ева, честитки до тренерите кои несебично се залагаат  да порасне една нова генеарција на талентирани дечиња.

 

Exit mobile version