Европската унија вчера го избриша Македонскиот јазик на самитот во Софија

Големо понижување за Македонија и Македонскиот народ се случи вчера на Самитот ЕУ-Западен Балкан. Имено, како еден од достапните јазици од декларацијата на самитот наместо Македонски јазик, запишан е „Јазик на Поранешната Југословенска Република Македонија“ (види го линкот). Останатите јазици се онака како што треба да бидат:  Албански, Босански, Црногорски, Српски.

Постапката е без преседан, нешто што досега не се случило ни во Обединетите Нации, ни во Советот на Европа и претставува директно негирање на Македонците и бришење на националниот идентитет. 

Ако „јазикот е нашата татковина“, како што кажа големиот Блаже Конески, тогаш зошто вчера ни ја избришаа?