Езерото Козјак полекa станува интересна туристичка дестинација

Пред две недели со електронска продажба беа продадени 80 парцели во туристичката населба на езерото Козјак

– Со електронска продажба на езерото Козјак продадовме 80 парцели со површина на еден плац од 300-550 квадратни метри. Почетната цена за еден квадратен метар изнесуваше едно евро, а просечно еден квадрат достигна цена од 3-4 евра, со исклучок на неколку локации чија цена достигна дури 25 евра од квадратен метар. Од оваа продажба нашата општина инкасира 5.500.000 денари, а најзаинтересирани купувачи на овие парцели беа жители од главниот град, бидејќи Скопје е на само 45 км од езерото Козјак – рече Милосим Војнески, градоначалник на општината Македонски Брод.

Според градоначалникот, следниот викенд ќе бидат понудени уште 40 парцели, од кои 30 во селото Белица и 10 на претходната локација. Додека се подигне оваа населба, ќе биде изградена и пречистителна станица за отпадните води и фекалиите, со што ќе се обезбедат сите еко-стандарди на овој локалитет.

Зоран Антоски

Извор: Нова Македонија

Exit mobile version