Ако не те фермаат во Facebook, пиши му на Цукерберг – Палестински експерт откри сериозен пропуст во безбедноста на Facebook

Палестински експерт за комуникациски системи беше принуден на објави предупредување на ѕидот на основачот на Facebook, Марк Цукерберг, откако тимот за безбедност на компанијата не ја увидел грешката која овозможува секој да постави коментар на било чиј ѕид.

Пропустот на кој укажува човекот кој се нарекува „Халил“ овозможува било кој корисник на Facebook, да објави вест на било чиј ѕид, дури и во случаите кога таа личност не е нивен пријател. Тој се понудил да открие уште „багови“ во системот на Facebook по цена од минимум 500 долари за секоја откриена грешка.

Тимот за бзбедност одби да ја признае грешката иако Халил поставил линк на ѕидот на една девојка која студирала на истиот колеџ како и Цукерберг.

„Извинете, но тоа не е грешка“ бил коментарот на Тимот за безбедност откако тој по втор пат ги контактирал и се обидел практично да им покаже дека проблемот постои.

Откако го добил овој одговор, Халил се реши за проблемот лично да го извести Марк Цукерберг на неговиот профил.

Скриншотовите од неговиот разговор со одговорните во Facebook ги поставил на неговиот блог.

Очигледно, обраќањето до Цукерберг вродило со плод, па само за неколку минути потоа Халил добил барање од инженер во Facebook во кое тој му ги побарал сите детали за пријавната грешка. Неговиот профил привремено бил блокиран додека тимот за безбедност се обидувал да ја отстрани грешката.

Откога го добил и третото известување за грешка во системот, инженерот за безбедност на Facebook ја признал грешката но изјавил дека на Халил нема да му биде платено бидејќи со неговите постапки ги прекршил правилата на користење на Facebook.

Иако за повеќето комплицирани багови кои се пријавуваат на Facebook, компанијата не предвидува награда за пријавата, безбедносните аналитичари треба да ги следат внимателно правилата, како би биле во можност на крај да бидат наградени. Facebook не прецизираше кои од овие правила ги прекршил Халил.

Додека ги пријавувал грешките, Халил направил кратко видео во кое практично ја прикажува грешката во системот.

По нивниот последен контакт, Facebook го реактивирале неговиот профили изразиле надеж дека тој повторно ќе соработува со нив при евентуално нови грешки во системот на социјалната мрежа.

Exit mobile version