Facebook надмина 1 милијарда корисници

Најголемиот феномен на денешницата, Facebook, надмина 1 милијарда корисници! Со тоа Facebook e „третата држава“ по број во светот по Кина и Индија. Пред само 3 години имаше близу двеста милиони.

Во експлузивното интервју за MSNBC сопственикот Марк Закерберг зборуваше за почетоците, предизвиците, плановите, за приватноста.
Закерберг го споредуваат со легендата на Apple, Стив Џобс. Иако немаше многу успешен излез на берза, Facebook има добра иднина.

Facebook објави и неколку неверојатни статистики како на пример дека до сега вкупно има 1,13 трилиони „лајкови“, 219 милијарда фотографии и 17 милијарди чекирања на локации.