Кичевскиот филм “Баба” достапен и на интернет


Краткиот филм “Баба” кој ја имаше својата премиера пред кичевската публика овој септември, од вчера е достапен и на интернет и секој може да го погледне. Екипата е кичевска, акцентот си е кичевски што го прави филмчето оригинално, кадрите се одлични.

Режијата е на Марио Манески. Во филмот настапува кичевската легенда Матко Петровиќ (Баба Зинети). Улогите ги толкуваат: Сашо Козби Стојковски, Матко Петровиќ, Давор Јанкулоски, Бумбар Јосифоски, Христијан Костески, Марија Попоска, Даниел Спасеноски и самиот Марио Манески.

Честитки за остварувањето и не запирајте тука.

Baba – a film by Mario Maneski from Mario Maneski on Vimeo.