Зајас за прв пат во второлигашкото друштво

По вчерашните баражи кои се одиграа во Битола Ѓорче Петров и Штип екипите на Борец, Зајас и Тиверија станаа нови второлигаши. Борец го совлада тимот на Кораб со 3-0, Зајас беше поуспешен од второлигашот Баби со 1-0, а со истиот резултатрТиверија ја совлада екипата на Албарса.

Инаку ова еисториски успех за екипите на Зајас и Тиверија, бидејќи  за прв пат се најдоа во втората лига. Мечот Зајас – Баби се одигра на стадионот во Ѓорче Петров а победоносниот гол за  екипата  на Зајас вреден влез во втората лига го постигна Дани на три минути пред крајот на натпреварот.

-Овој датум треба со златни букви да се запише во историјата на Зајас бидејќи ово клуб за прв пат се избори да се натпреварува во втората фудбалска  лига. Покажавме дека имаме квалитет кој ќе ни обезбеди пласман во повисок ранг на натпреварување- посочи тренерот на Зајас, Зоран Георгиески.

Зоран Антоски

Exit mobile version