Во Кичево се одржа прва форумска сесија за буџетот на општината

Во Кичево денеска се одржа прва форумска сесија во рамки не програмата „Форуми во заедницата“ во организација на Агенцијата за развој и соработка на Швајцарија и општинската администрација.

Во рамки на ова форумска сесиа е предвидено граѓаните и невладините организаци да имат директен удел во креирањето на општинскиот буџет за наредната година .

– Целта на ова форумска сесија е транспарентноста при носењето на општинскиот буџет односно граѓаните да ги искажат своите приоритети што тие мислат дека е потребно да бидат опфатени со буџетот за наредната година, рече координаторот на проектот од општина Кичево, Александра Крстеска.

Предвидено е, најави таа, да се одржат уште 4 други сесии до 15. декември годинава кога ќе се знаат резултатите нивната релизација.

Градоначалникот Фатмир Дехари на форумот истакна дека општина Кичево е пример за негување на соживотот на сите граѓани.

–  Имаме позитивно искуство во организирање на форумски сесии во рамки на програмата форуми во заедницата кои се во соработка со Агенцијата за развој и соработка на Швајцарија , бидејќи и порано сме организирале вакви собири.
За нас како општина е битно да бидеме транспаренти и во согласност со можностите да имаме се по опфатен буџет секогаш во интрес на граѓанинот, истакна Дехари.