ФОТО: Крушино во есенски шмек

По Китино Кале, неколку фотографии од есенската идила во Крушино. Тивко е, послабо има луѓе. Белите дробови на Кичево ви го даваат најдобриот кислороден микс помешан со мирис на шума. Оваа шума која пред половина век беше голина денес е една од најубавите зимзелени шуми во Македонија. Вредните раце на кичевчани го направија тоа и ни го оставија да го чуваме. Да ја предадеме уште поубава на генерациите кои доаѓаат. Уживајте во фотографиите.

      

Фото: Божин Божиноски