ФОТО: Пазарен ден во Кичево пред 100 години

Фотографијата (горе) е стара скоро 100 години. Сликана е за време на пазарен ден во Кичево, веројатно ден сабота во Џума маало. Се гледа Џума Џамија и убавата стара градска чешма чија вода била носена веројатно некаде од падините на Крушино да ја гаси жедта на секој добронамерник. Џума Маало е завиткано во високи крошни од столетни дрвја кои денес не постојат. Кичево раздвижено градче. Луѓе од градот, луѓе од селата кои дошле да купат, да продадат да заработат. Пазарен ден е денот кога се нуди најдоброто на тезгите. Пред одење, традиционално било да се седне во некоја меана на „по една“.

Духот на едно време замрзнат во една слика. 

Старата чешма која денес не постои