ФОТО: Тешка сообраќајка кај Зајас
Фото: Пулс24
Тешка сообраќајка во која засега не е познато за евентуални жртви, се случила утрово на патот Кичево – Гостивар, во близина на Зајс. Од фотографиите се гледа уништено возило. Поради сообраќајката сообраќајот неколку часа се одвивал отежнато, но сега е нормализиран.
Овој пат во текот на летниот период е доста фреквентен, а често поради непочитување на возачките правила доаѓа до вакви несреќи, неретко со жртви.