ФОТО + ВИДЕО: Пожарот крај Кичево се шири во неколку правци

И покрај максималните напори кои ги вложуваат пилотите кои го гасат пожарот кој вчера избувна над Кичево, пожарот се повеќе се шири, пред се благодарение на ветерот.

Евидентно е дека од час во час пожарот завзема се поголеми размери. Досега се направени неколку десетини летови од двата воени хелихоптери и авионот канадер кои го гасат пожарот од раните утрински часови. Теренот е недостапен за да му пристапат копнени екипи.

Од она што може да се види, пожарот се шири на две страни: на југ, кон Другово и на запад пожарот е веќе преминат од другата страна на планиата и се движи кон Долно Добреноец. Манастирот Свети Ѓорѓи Кнежински, засега не е загрозен иако се наоѓа едваја на два километри од стихијата.

– Пожарот кој од вчера беснее во близина на Кичево се повеќе се шири. Така што од вчерашните опожарени околу 4 хектари, денес горат над 50 хектари црн бор, со тенденција овие површини од час во час да бидат и поголеми. Во текот на денешниот ден два армиски хилихоптери дури во 18 наврати интервенираа врз жариштето на огнот, а во исто време и еден авион канадер во 8 наврати дејствуваше врз опожарените површини. Ако немаше интрвенција од воздух тогаш пожарот ќе беше и многу поголем. Во 18 наврати интрвенира и ТППЕ со свое противпожарно возило на оние места каде што има пристап  – информираа  од Дирекцијата за Заштита и спасување.

Поради пожарот во воздухот се чувствува зголемена концентрација на чад.

Exit mobile version