ФОТО: Како некогаш се скокало по Светиот крст во старо Кичево
Некогаш во бистрите води на реката Темница (Зајашка река), кичевчани скокале по светиот крст. Тоа бил настан на годината. На температури далеку под нулата, само најсилните момчиња можеле да влезат во ладната вода. Традиција откако постои и Кичево. Да се негува аманетот на предците кои и во најтешките времиња не отстапиле од прадедовото.
Еве ги тие моменти, на денешен ден во 1936 година. Се надевам дека еден ден, повторно ќе ја обновиме оваа традиција Светиот крст да се фрла повторно во водите на Зајашка река.