ФОТОГАЛЕРИЈА: Како се гаснеше пожарот над Кичево

Со максимална пожртвуваност на пилотите на армиските хелихоптери и авионот канадер на ДЗС, работниците од Шумското стопанство „Лопушник“, ТППЕ Кичево, РЦУК – Кичево, локалните власти и сите структури кои беа вклучени во оваа акција, огнената стихија која дивееше цели 3 дена конечно е изгасена.Овој пожар беше тежок и комплициран за гаснење бидејќи гореше борова шума, факт кој го зголемува ризикот за директните учесници во неговото локализирање и гаснење поради самата природа на борот, количината на јаглерод диоксид кој го испушта и големата температура која се развива.

Да погледнеме низ фотографии како изгледаше тоа од страната на учесниците во акцијата.

ФОТО: Сузана  Тасевска,

Раководител на Регионален центар

за управување со кризи – Кичево

 

 

Exit mobile version