Фотографиите зборуваат за невремето на Пресека
Навеви на снег на места и до 2 метри, силен ветер. Вистинка драма се одвиваше на планинскиот превој Пресека помеѓу Кичево и Охрид завчеравечер, кога од невремето во снегот останаа заглавени многу возила, а екипите за спасување едвај се пробија. За среќа се добро се заврши.
Сообраќајот е нормализиран за лесни возила но забраната за движење на тешки товарни возила сеуште е во сила.
Ова е уште еден потсетник колку сме мали наспроти природата. Ама и колку е голема човечката пожртвуваност за да си помогнеме едни на други во лош час.