FX3X дел од екипата на „Перси Џексон: Море од чудовишта“

Во кината на Синеплекс од денеска започнува да се прикажува филмот ”Перси Џексон: Море од чудовишта” на чии визуелни ефекти работеше и екипата на македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х.

Кристијан Даниловски, ко-сопственик на ФХ3Х, која е веќе етаблирана на светско рамниште,  за филмот изјави дека проектот е продолжување на нивната соработка со МПЦ Техниколор од Лондон и Ванкувер.

– Работата на Перси Џексон ни претставуваше предизвик и задоволство. Бидејќи станува збор за второ продолжение, визуелните ефекти треба да бидат поспектакуларни од првиот дел и мислам дека во тоа се успеа. Филмот е визуелен спектакл, изјави Даниловски.

Според синопсисот, со цел да го вратат нивниот безбеден рај, кој изумира, синот на Посејдон и неговите пријатели се впуштаат во потрага кон Морето на чудовишта за да го пронајдат митското Златно руно додека се обидуваат да го спречат појавувањето на античко зло.

Режисерот Тор Фројденхал, како и актерите во филмот, меѓу кои Логан Лерман, Александра Дадарио и Брендон Т. Џексон, овозможија публиката да ужива во авантурата и животот на митските ликови.

Со позитивни оценки за филмот и филмската критика.

Прикажувањето на „Перси Џексон: Море од чудовишта во Македонија доаѓа само една недела по светската премиера.