Едукативна работилница на ФЗОМ за пензионерите во Кичево

Во организација на Фондот за здравствено осигурување на Македонија во Kичево денеска се одржа тринаесетта едукативна работилница, која има за цел да ги едуцира пензионерите за нивните права од здравствено осигурување, по што следуваше презентација за превентивни мерки и активности во примарната здравствена заштита.

На работилницата, како што соопшти  ФЗОМ, тим од Фондот – лекар и правник – ги објаснија новините и одговараа на прашања кои се од интерес на пензионерите.

Директорот на ФЗОМ, Џемали Мехази се заблагодари на Сојузот на пензионери и на Црвениот крст за успешно реализирање на едукативните работилници кои имаат цел да го зголемат нивото на информираност на пензионерите за нивните права од здравственото осигурување.

Во своето обраќање до пензионерите, Мехази истакна дека тие како целна група на осигуреници се особено важни и токму затоа ФЗОМ е секогаш отворен за соработка со нив, да им излезе во пресрет на нивните потреби, онаму каде е тоа во надлежност на Фондот.