ВИДЕО: „G6“-Момците кои успејаа верувајќи во својата идеја

На 24 години ги заработија првите 100.000$. Освоија прва награда во светски рамки од Samsung. Виртуози во создавањето на мобилни и веб апликации. Веруваа во успехот, работеа напорно и стигнаа до него. Двајца од нив – кичевчани.

Теодос Пејоски, Никола Миноски, Влатко Ѓурѓиноски, Бошко Петрески и Александар Паунковски. Петтемина од G6 Solutions, кои срушија еден стереотип и покажаа дека и кај нас се може.

Можеби на вашиот смартфон користите токму нивна апликација. Проверете.

Се надевам нивната приказна ќе охрабри уште многу млади луѓе да го следат нивниот пат.