„Ништо не го фркат“ првоаприлска шегаШто знајт дете што е сила во ракометари од Р.К. „Партизан“Шаренац од Вардар и кичевчани, е ние поубавиФ.К. Напредок 1956 година.Спортско риболовно друштво „Треска“Со учителката Мица Боројевиќ, 1974 година.Со песни и ора Од долу Зоран Наумоски, Dobrivoj Kaleski (викан Ламо), Веле, Саве Димитриевски, Ljupce Josifoski-Kakuli и Емчо.Со верба во БогаСите се инфицирани од вирус на насмеани лицаСемејство Шаревци од „Бела Кула“ на прослава „Ѓурѓовден“Ракометари. На ова место подоцна ќе биде изградена салата „Јанчица“Ракометари. На ова место подоцна ќе биде изградена салата „Јанчица“Публика на Напредок, куп на весник ВечерНа Китино кале. Во позадина Кичево (Џума маало и Чифлиг) и Саат Кулата. 20-тите или 30-тите години на 20 век.Пред старото О.У. „Кузман Јосифоски - Питу“Пред О.У. „Санде Штерјоски“Првиот авион кој слетал во Кичево, на Јурија во 1958 година, пилотиран од Владимир Ристиќ - Качар.Помеѓу двете згради во старото школо „Кузман“ОУ Кузман Јосифоски - Питу, генерација 1974-75Отиде петелот курбанОд серијалот „Крушино од нашата младост“О.У. „Санде Штерјоски“, 1976 година.Некогашната продавница „Југопластика“Насте и Тасе од Рабетино кафанџии во Белград Традицијата ја одржува Славе кубурчето кафана Ловец нивни внукНапредок и Вардар 1957 година, резултатот е катастрофален за нас.Најдобрите во најкултното. Војо Стојаноски и дружина во Калето.Најдобриот лев бек на сите времиња во Р.К. „Партизан“ Тале ЛичоскиНа врав некаде кичевскоНа вечна стража 1900 година, Китан Милошески, село Карбуница.На Велигден со детска радост. Од фотоапаратот на војводата Анастас Лозанчев.Многу деца и понекоја кукла за впечатокМладост, желба за фолклор ... Војо Стојаноски, Љупче Грујоски, Љубе Гиноски и Саве Димитриевски.Мито Јосифоски и група граѓани играат шах симултанка со Ристо Ничевски во хотел УнионЛитијаКрсте Карас и фудбалското братство.Кога беше гордост да си в Кале. Тола ШиргоскаКичево, чаршијата, центарот во '70-те, во боја. На сликата се гледа објектот на музејот (син). Веројатно сликана на почетокот на летото.Кичево, Булевар Ослободување во '70-те. Најјак е хипикот што шета без маицаИзвезуваме хипи култура во Пореч, Хрватска. Извозници Аце Кепа, Страилот и Нешо Брлајот.Женскиот оддел од класот 1968 - 69 година, IV одделение.Железничка станица Кичево, 1921 годинаЖелезничари, КичевоЕдни прекрасни луѓе, наши кичевски. Од лево Симо Свеќарот, Бранко Танто, Лазо Грбото, Мито Бабо и ...Група ТНТ Бало и Труманон „Под Варош“ маало.Горан Ќосот и Томе Бен.Времиња, несопрени од никој ...1Водици во Кичево, 1936 година, населба Подварош, фрлање на Светиот Крст во Зајашка рекаВодици во Зајашка река во 1936 година. Населба ПодварошВ косми да ти сиспула Шуцо Сениор и Донасон.Бобе и Бране, 70 и некоја.Благоја ШурбанотАвтобус некаде кај Буковиќ заглавен во снег. Фотографијата датира пред Втората светска војна.А во 1973 година во Кичево беше одржан шивачки курс пред завод за вработувањеMito Josifoski so negoviot kolega vo nadzor za vreme na izgradbata na gimnazijata Mirko MileskiДочек на Нова 1964 година во градски ресторан Слобода. На сликата Мито Јосифоски со пријателите.Пионери на 1-ви мај по повод Денот на трудот, 1965 година. Фотографирани на булеварот „Ослободување“ во Кичево. Во духот на светскиот ден на трудот и кај нас се организирале овие паради. Генерациите од повоените години ги паметат и самите учествувале. Го претставувале „духот на работниот народ и младината“, вообичаено за тогашниот систем. Овој период се одликува со економски прогрес и индустријализација и изградба на земјата. Децениите подоцна оваа пракса се напуштила. Сепак интересна фотографија за настан кој се одбележувал и во нашиот град.Малечко детенце сликано на бреговите на Зајашка река (Темница). Порано реките биле чисти и кичевчани тука се разладувале, ловеле риби, кампувале.Лето на Треска и Темница. Некогаш...Уште една слика од поставување на водоводна инсталација на булеварот „Ослободување“, 1961 годинаФудбалеришта од Чифлик. На сликата, меѓудругите, се Бошко Китаноски и Иван Чкоре. Фотографијата е направена на ливадите крај населбата Чифлик. Ова место денес би дошло во близина на бензиската пумпа на „Пуцко петрол“. Во Кичево во 20-те и 30-те години постоеле неколку фудбалски клубови кои подоцна се обединиле во еден, ФК Напредок.Ретка слика од старата централа, првата хидроцентрала во Кичево. Од неа градот добивал струја. Изградена на почетокот на минатиот век на реката Треска (Голема Река).Втори мај. Година 1962, место Крушино. Кичевчани го празнуваат празникот на трудот, кај нас востановен од 1944 година. Младо, старо, машко, женско. Секој во близина на своето место. Кичевчани до Kрушино, Илиница, на река Треска. Скара, пиво, ракија, музика. Семејството и пријателите да се соберат. Кој колку има. Не биле богати времиња, но блиските на едно место и тогаш многу значело.Доброволно противпожарно друштво во Кичево, сликани во 1960 година.Стара слика и уште постара селска чешма во село Прострање. Фотографијата е направена во 1945 година. Чешмата е стара со векови. Убаво се гледа мајсторството на градителот и со каква убавина зрачела кога била изградена. Колку погледи („ишарети“), средби, договори, муабети паднале на ова место, култно за жителите на Прострање.Даскалот и првооделенците. Сликата потекнува од дваесеттите години на XX век. Направена е во српското училиште.ФК Јадран од Кичево, 20 август 1933 година, натпревар со ФК Југославија од Битола. Резултат 4:2, полувреме 1:1. Еден од неколкуте кичевски фудбалски тимови, ФК Јадран, ФК Граѓански, ФК 20-ти век, ФК Китино Кале, ФК Хајдук, ФК Сив Орел... Секое маало имало свој тим, Варош Мала, Теќе, Чифлиг Мало. Играле помеѓу себе. Опстоиле и за време на втората светска војна. Младинците кои членувале во нив биле најнапредната младина. Голем дел од нив биле партизани. За жал некои од нив не ја преживеале војната. Подоцна овие тимови се обединиле во еден тим, ФК Напредок. Да се потсетиме на некои тогашни фудбалери: Мито Бабоски, Диме Станкоски - Батемберг, Славе Белески, Коце Наумоски - Шиндра, Борис Бунгуроски, Благоја Стојаноски, Нико Пусоски, Иван Софески, Владо Дебрчанец, Душан Станкоски, Трене Тренески, Јонче Србиноски - Овчарко, Матиќ, Борис Алексоски - Карче, Јанко Михајлоски, Коце Тодороски, Благоја Митаноски - Инќарот, Миле Блажески, Борче Мицкоски, Бране Симјаноски - Жајберот, Жика Фиданоски, Јорго Лаброски, Тасе Петкоски, Диме Станкоски-Батемберг, Ѓоко Сретеноски, Раде Поп-Гиноски, Вебија Ајрадиноски - Кулица, Милан Божиноски-Сингерот, Стојан Настески - Златарот, Перо Калајџијата, Диме Ширгоски - бојаџијата, Џевдет Незирага, Рушит Апучко, Блаже Блажески - саатџијата, Гафур Кикероски - Кикирка, Раман Туфекџијоски,Тане Цалески, Петре Китаноски, Петре Мицкоски, Санде Костески, Младен Кузманоски - Нанчо...387670_10150408Уште една семејна фотографија направена далечната 1963 година. Направена е на ул. Александар Македонски (тогаш Маршал Тито, пред тоа Крал Петар) во близина на црквата Св. Петар и Павле. Во позадина се гледа објектот на поранешна „Македонска банка“ (постои и денес). Дури и трафиката (не баш истата) сеуште постои. За жал, убавината на калдрмата која некогаш го красела градот полека ја снемува. Би било добро истата да се пререди и да стане пешачка зона. Покрај калдрмата се гледа дел од уште постар пат кој постоел можеби од средновековието. Интересно е што оваа улица е всушност дел од прастар пат кој тука минувал уште во антиката. Токму на овој пат израснала првата населба и калето од кои подоцна ќе се оформи првиот град. Камо да имаа уста камењата па да раскажат за се...434471560_1736785826_nПоставување на водовод на булевар „Ослободување“. Фотографијата е од 1961 година. Работничка акција, во тоа време ги имало многу. Се обновувала инфраструктурата оштетена за време на војната, се граделе нови објекти. Се организирале работнички акции за вакви цели. Кичево добивал нов лик.„Еснафот кафе дома НЕ ПИЕТ!“ Ова е доказ за историската поврзаност помеѓу кичевчанецот и кафеаната. Лезетот овековечен во оваа фотографија е од 30-те години на XX век. Кафеаната „Жупа“ се наоѓала на денешната улица „11 Октомври“ спроти старото Фото Зоран. Објектот постои и денес. Лезетот постои и денес, тоа е видливо по тоа што во Кичево постојат над 50 кафиќи, кафеани... и сите работат добро. Нема друг град во Македонија кој на толку луѓе има толку угостителски објектиКичевчани знаеле да уживаат. Ова е фотографија од некоја прослава. Масите се наредени на еден дел од Китино кале каде денес се наоѓа големата фонтана пред поранешниот ресторан (тука се одржува фестивалот калефест). Фотографијата е направена од убавиот објект на „водното“ во облик на порта. Со оглед на тоа дека веднаш под ова место се наоѓала Саат Кулата (1741) која е урната во 1938 година, оваа фотографија е направена 1-2 децении после тоа. На сликата јасно се гледа старата чаршија во нејзиниот некогашен сјај. Во средина е Бајазит џамијата (1402). Преубава фотографија.Кичевската чаршија во 20-30 тите години на минатиот век. Еден ден на кичевскиот еснаф овековечен на оваа фотографија. Се живеело, се работело, се помагало, се поминувал заеднички денот. Шивачи, кројачи, златари, ќуркчии, ковачи, кафеанџии... Чаршијата живеела во еден здив. Така било со векови. Да има уста, па да раскаже старата калдрма. На фотографијата се гледа дуќанот на буклевци, фамилијата на Калиопи Букле.Три приказни за трите споменици на Китино Кале, хронолошки подредени од лево па на десно. Првиот е српскиот Крал Петар I Караѓорѓевиќ, изграден за време на српското владеење со Македонија (1918-1941). Сликата е направена во тој период. Споменикот е поставен на постамент со двоглав орел, симбол кој го имаат сите балкански народи (вклучително и македонскиот). Како се менувале властите, политиките, така се менувале и статуите. За време на II светска војна, тогашните власти го тргнале претходниот споменик и го поставиле споменикот на Скендербег (Искендер, Александар). Овој лик е почитуван од сите, девојките на сликата се Македонки. Сликата е направена непосредно по втората светска војна по што и овој споменик е тргнат. Интересно е што и на двата споменици постаментот останал ист. На третата слика е претставена Олга Мицеска, народен херој од Кичево која пред втората светска војна била вајар. Во нејзин спомен го изградиле на овој начин нејзиниот споменик. Овој прекрасен споменик го красел Кичево се до 60'-те години кога по наредба на некој од партијата бил урнат зошто оцениле дека бил неморален. Скулптурата им асоцирала на разголена девојка... Постапката наишла на неодобрување кај населението. Како и да е, споменикот бил урнат и на ова место повеќе не бил изграден споменик. Местото каде се наоѓале спомениците денес е поплочено со мермер, се наоѓа над спомен костурницата. Не се знае што станало со првите 2 скулптури, нити со постаментот. Делови од третата скулптура сеуште се расфрлани низ калето.Уште една слика од доброволното противпожарно друштво во Кичево, сликани во 1960 година. Позади нив е објектот на денешната „Пожарна“, еден од постарите во градот.Првите вработени во Електро-Кичево, 1956 година. Кичево добил мала хидроелектрана уште во 30-те години на минатиот век која ни оддалеку не ги задоволувала потребите. Било вистинска привилегија да се има струја во домот во тоа време. Поминале децении додека не се преземат сериозни чекори кон електрификација на градот и околината. Од лево кон десно: Амит, Благоја Џемс, Томе Пам, Љупче, Мито Богески, Велија, Ванчо, Мице Лунески - Грк. Седат: Бранко, Стефан, Бафтир, под него Имер Мравинко, Глигур Мишоски (директор), Љупчо Мишоски (дете во скут), Галип, под него Перо Мишоски, Љубе Спиркоски - Пајката од СрбјаниСвадба. Не е познато кога е и чија е, но веројатно е свадба според китките на луѓето.ФК Јадран од Кичево во 1933 година. Еден од неколкуте кичевски фудбалски тимови, ФК Јадран, ФК Граѓански, ФК 20-ти век, ФК Китино Кале, ФК Хајдук, ФК Сив Орел... Секое маало имало свој тим, Варош Мала, Теќе, Чифлиг Мало. Играле помеѓу себе. Опстоиле и за време на втората светска војна. Младинците кои членувале во нив биле најнапредната младина. Голем дел од нив биле партизани. За жал некои од нив не ја преживеале војната. Подоцна овие тимови се обединиле во еден тим, ФК Напредок. Да се потсетиме на некои тогашни фудбалери: Мито Бабоски, Диме Станкоски - Батемберг, Славе Белески, Коце Наумоски - Шиндра, Борис Бунгуроски, Благоја Стојаноски, Нико Пусоски, Иван Софески, Владо Дебрчанец, Душан Станкоски, Трене Тренески, Јонче Србиноски - Овчарко, Матиќ, Борис Алексоски - Карче, Јанко Михајлоски, Коце Тодороски, Благоја Митаноски - Инќарот, Миле Блажески, Борче Мицкоски, Бране Симјаноски - Жајберот, Жика Фиданоски, Јорго Лаброски, Тасе Петкоски, Диме Станкоски-Батемберг, Ѓоко Сретеноски, Раде Поп-Гиноски, Вебија Ајрадиноски - Кулица, Милан Божиноски-Сингерот, Стојан Настески - Златарот, Перо Калајџијата, Диме Ширгоски - бојаџијата, Џевдет Незирага, Рушит Апучко, Блаже Блажески - саатџијата, Гафур Кикероски - Кикирка, Раман Туфекџијоски,Тане Цалески, Петре Китаноски, Петре Мицкоски, Санде Костески, Младен Кузманоски - Нанчо.ФК Јадран од Кичево во 1934 година. Еден од неколкуте кичевски фудбалски тимови, ФК Јадран, ФК Граѓански, ФК 20-ти век, ФК Китино Кале, ФК Хајдук, ФК Сив Орел... Секое маало имало свој тим, Варош Мала, Теќе, Чифлиг Мало. Играле помеѓу себе. Опстоиле и за време на втората светска војна. Младинците кои членувале во нив биле најнапредната младина. Голем дел од нив биле партизани. За жал некои од нив не ја преживеале војната. Подоцна овие тимови се обединиле во еден тим, ФК Напредок. Да се потсетиме на некои тогашни фудбалери: Мито Бабоски, Диме Станкоски - Батемберг, Славе Белески, Коце Наумоски - Шиндра, Борис Бунгуроски, Благоја Стојаноски, Нико Пусоски, Иван Софески, Владо Дебрчанец, Душан Станкоски, Трене Тренески, Јонче Србиноски - Овчарко, Матиќ, Борис Алексоски - Карче, Јанко Михајлоски, Коце Тодороски, Благоја Митаноски - Инќарот, Миле Блажески, Борче Мицкоски, Бране Симјаноски - Жајберот, Жика Фиданоски, Јорго Лаброски, Тасе Петкоски, Диме Станкоски-Батемберг, Ѓоко Сретеноски, Раде Поп-Гиноски, Вебија Ајрадиноски - Кулица, Милан Божиноски-Сингерот, Стојан Настески - Златарот, Перо Калајџијата, Диме Ширгоски - бојаџијата, Џевдет Незирага, Рушит Апучко, Блаже Блажески - саатџијата, Гафур Кикероски - Кикирка, Раман Туфекџијоски,Тане Цалески, Петре Китаноски, Петре Мицкоски, Санде Костески, Младен Кузманоски - Нанчо...Семејна фотографија со поглед кон Илиница. Фотографијата е направена на местото каде подоцна е пробиена улицата Борис Кидрич (Даме Груев, отприлика кај некогашен Лопушник). Сликата потекнува од 60-те или 70-те години. Ете колку бил малечок градотКичевчани - гурбетџии во Софија, слават Нова Година. Фотографијата потекнува од Нова Година 1938-39 година. Во тоа време се одело доста на печалба. Најчесто оделе во Бугарија (Перник, Софија, Варна, Пловдив), Србија (Белград, Војводина), Романија (Влашко), па се до Америка и Австралија. Вака се собирале и се потсетувале на родниот крај. Антологиска фотографијаФотографија стара 116 години! Кичевски ученици сликани со учителите (даскалите) во подножјето на Китино Кале. Оваа е веројатно најстарата фотографија која е објавена тука и потекнува од периодот на турското владеење. Во продолжение е краток текст за првите школи во кичево и кичевско: „Ќелијните училишта во црквите и манастирите биле основен фактор за зачувување насловенската писменост, но со напливот на напредните просветни идеи од западот малку по малку започнале да се отвораат и световни училишта во кои наставата се одвивала на еден сосем нов начин, во кои освен предметите во кои се изучувала религијата имало и други предмети, важни и спроведливи во реалниот свет. За ваков вид на настава од 1857 до 1875 година биле издадени 15 македонски учебници составени од страна на: Партенија Зографски, Кузман Шапкарев, Димитар Македонски и Ѓорѓи Пулески. Во Кичевијата како и во другите региони во Македонија во средината на деветнаесеттиот век се појавила голема потреба од воведување на нова современа настава. Најпрво едно такво училиште со скромен број на ученици е формирано во селото Орланци во 1867 година, а во 1870 година во селата Премка, Тајмиште и во манастирот„Света Пречиста“. И во градот Кичево за скоро време била воведена световна настава. Кичевските занаетчии и трговци заинтересирани за иднината на своите деца вложувале свои средства во нивното образование. Бидејќи учители за таков вид на настава немало во нашиот град, кичевскиот еснаф повел иницијатива учители од други држави да ги предаваат новите предмети на учениците. Така, училиштето во градот Кичево е отворено во 1870 година, а новата световна модерна настава ја вовел првиот учител Илија Спасојевиќ, родум од Босна. Во истата година е воведено и првото женско училиште, а за учителка била поставена Марија Вуиќ. Ученичките од Кичево ги учеле следниве предмети: свештена историја, први знаења, сметање, краснопис, шиење и пеење. Наставата во првото современо училиште во Кичево се одвивала во училишна зграда во маалото Чифлик. Во текот на 1871 во Кичевското училиште учеле 50 ученици, исто толку ученици имало и во 1872 година, 1873 имало 60 ученици, а во 1874 година 75 ученици. Следните години започнале да се формираат училишта во речиси сите поголеми села низ Кичевијата. Дел од децата кои со успех го завршиле првото училиште во градот, продолжиле со образование во повисоките училишта во другите градови и на таков начин се формирал добар наставен кадар со потекло од нашите краишта кој можел да одговори на потребите за нови знаења на младите кичевчани. Како главен учител од 1885 до 1889 година во Кичево бил ракоположен свештеникот Тома Николов од с. Вранештица, подоцна организатор на револуционерната активност во градот. Други учители во градското училиште биле: Јаќим Стршенов, Трајко Милушев, Василка Андонова и Евросима Јотева од Охрид.“ (Податоците се благодарение на трудот на оние кои ја подготвиле монографијата по повод 50 години од основањето на училиштето Кузман Јосифоски Питу.)Спортско риболовно друштво „Треска“ од КичевоБазен во ДОМ на АРМ (тогаш ЈНА), веројатно некој пливачки клуб. Запазете само како се прават мускули за да се излезе што подобро на сликаПред споменикот на Олга Софеска - Мицеска кој постоел на Китино Кале. Олга Мицеска е партизанка од Кичево која пред војната била вајар, за време на војната храбро загинува бранејќи ја слободната територија на Буковиќ. Во нејзина чест и спомен е изграден овој споменик. Неколку години подоцна е срушен од комунистите од неразјаснети причини. Делови од споменикот се гледаат и денес расфрлани по калето.„Врав, гумно, стежер“ ... Село ПрострањеЧичко Нико Лаброски Последниот терзија во градот за изработка на албанска женска носија.Четата на првите ловџии во „Рбетинска река“Фудбалски тим „ЖАС Кичево“Секоја фирма фудбалски тим - АГРОКООП Од лево горе Љубе, Цане, Перо, Васе, Бедо и Даме. Од лево долу Танче, Шуцо, Јовче, Боше и Крсте.Саќа Зердески капидан од Џума маало со Антерија влашка носијаНа оваа слика, се си е според „Дарвиновата теоријаЈЕРОМОНАХ ГРИГОРИЕ ПОПОСКИ од манастир Света „Богородица Пречиста“1ЈЕРОМОНАХ ГРИГОРИЕ ПОПОСКИ од манастир Света „Богородица Пречиста“ШАРМОТ НА КИЧЕВСКОТО ГРАДСКО ЖИВЕЕЊЕ. Преубава, историска слика за навиките, модата, веселбите, џентлменството ... (впрочем прва е ставена невестата на сликава и најавава) Да сме горди драги мои кичевчани. Свадбата на Фанка Никодиноска Томова и Марко Пејоски.Од серијалот „Кој не се сликал в Кале“... женскиот дел од „Распеани кичевчани“ Од лево Стојанка Ширгоска, Ратка Алексоска, ... Добринка Ристеска. Долу лево Олга Стојановиќ и Евица Митреска.Од серијалот в Кале ... Какви другарства со најчисти души. По аптекарски наредени Фиќо, Стојмир Кичмана, Крсте Карасот, Тоде, Стојан Шмитон и Трајче Личо.Другарства кои ќе останат неразбрани за денешниве стандарди. Од лево: Џевдет Емроски, Медија Ахмедоски, Енвер Цифуноски и Емин Емроски. Долу лево: Галип Гугачоски и Екрем Ѓулагоски.„ЦРВЕНИ СТЕНИ“ фудбалскиот тим за мал фудбал. Од лево горе Технико Аце Забот, Осман Шејдо, Ирфан Шејдо, Ќеме Оконо, Боше и Миха Влаот. Долу лево Шуцо, Коле, Нуко и Павле.Чаршиското ... Од лево: Тола Ширгоска, Иван Лукароски, Ратка Алексоска, Бранко Танто, Добринка Ристеска, Борче Тетинче, Симо Свеќарот и Милутин од Чифлик.БРЗА ПОМОШ од 70 - тите години. Дали дека помалку коли или народ, навистина беше брза Инаку, сликана на ќошон од „Унион“ пред плоштад. Љубе Кундакот.1956 - 57 година, пред гимназија со учителката Величка.1932 година, кај некогашното, старо училиште „Санде Штерјоски“, драгиот учител и многу, многу другарство.
Фотографиите се собрани со сесрдна помош на кичевчани. Посебна благодарност до Марјан Стојаноски - Мако кој изминатите години несебично се вложи во отворање на семејните архиви на кичевските семејства и креирање на прекрасна група „Кичево низ времето“. Збогатете ја оваа збирка со испраќање на ваши фотографии на мејлотkontakt@kicevo.mkТука сликите никогаш нема да избледат. Да ги зачуваме спомените за едно време, за да знаеме како да чекориме во иднината.
galerija 1: stari kichevchani galerii od kichevo „nishto ne go frkat“ prvoaprilska shegashto znajt dete shto e sila vo rakometari od r.k. „partizan“sharenac od vardar i kichevchani, e nie poubavif.k. napredok 1956… kichevo kichevchani foto galerija od kichevo galerija stari kichevchani kichevo niz vremeto kicevo stari sliki kicevo stari fotografii fotoistorija galerija 1: stari kicevcani galerii od kicevo „nisto ne go frkat“ prvoaprilska segasto znajt dete sto e sila vo rakometari od r.k. „partizan“sarenac od vardar i kicevcani, e nie poubavif.k. napredok 1956… kicevo kicevcani foto galerija od kicevo galerija stari kicevcani kicevo niz vremeto kicevo stari sliki kicevo stari fotografii fotoistorija