Градоначалниците на Ѓаковица и на Шенѓин во посета на Кичево

Во посета на Општина Кичево денес беа градоначалникот на Ѓаковица, Косово, Пал Лекај и градоначалникот на Шенѓин, Република Албанија, Салвадор Качај. Двајцата гости се сретнаа со градоначалникот Фатмир Дехари.

По средбата, градоначалникот Дехари информира дека била покрената иницијатива за збратимување на овие три општини, како и продлабочување на соработката во економскиот, културниот и спортскиот живот на жителите од овие општини.

Градоначалникот Лекај изрази подготвеност за соработка во иднина со општина Кичево пред се во сферата на бизнисот, додека пак градоначалникот Качај покрај подготвеноста за економска соработка и забратимување излезе со јавна покана до двајцата градоначалници да присуствуваат на 10. јуни во Шенѓин кога официјално ќе се отворат плажите на овој примоски град во Албанија.

Exit mobile version