Кичевчанецот Миле Ѓорѓијоски добитник на наградата за сатира во Белград

Годинешен добитник на наградата „Златен круг“, што ја доделува Белгардскиот афористички клуб  е македонскиот сатиричар Миле Горѓијоски од Кичево, кој последниве три децении живее и твори во Делчево.

Оваа награда се доделува во рамки на сатирично-хумористичката манифестација „Сатира фест“ што традиционално се одржува на 17 октомври во Белград.

– Среќен сум  за ова високо признание што ми е доделено за посебен придонес во развојот и афирмацијата  на афористиката. Многу им благодарам  на колегите од БАК, на чиј предлог сум примен и за член на Друштвото на песателите на Србија, изјави за Македонската Информативна Агенција Миле Ѓоргијоски.