Голема Богородица – 28 август, неработен ден за православните верници

Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица (28 август), ден среда, е неработен ден за верниците од православна вероисповед во Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на верниците од православната вероисповед им го честита празникот.