Горазд Михајлов го одработи првиот тренинг со Напредок

По заминувањето на досегашниот тренер Гордан Здравков, екипата на Напредок за прв пат вчера работеше под палката на новиот стратег Горазд Михајлов, кој вчера беше поставен за шеф на стручниот штаб на кичевскиот прволигаш.
Пред почетокот на  денешниот тренинг Горазд Михајлов ,на своите фудбалери им ги посочи своите погледи кон фудбалската игра и како треба да изгледа Напредок на претстојниот меч со Металург и на дуелите кои допрва им претстојат . Како и обично со голема доза на оптимизам по завршувањето на тренингот потсети дека, и во Скопје против екипата на Металург не одат да се бранат, туку одат да се надигруваат и ако може со добар резултат, да се вратат во Кичево.
Неговата фудбалска филозофија е офанзивна игра и борба до последен здив на секој првенствен натпревар, како дома исто така и надвор.
Зоран Антоски