Хепенинг за безбедни училишта во Македонски Брод

Денес со почеток од 13:00 часот на плоштадот во Македонски Брод во рамките на проектот „Безбедни училишта – хармонична средина“ ќе се реализира ХЕПЕНИНГ – една од активностите предвидени со овој проект, а на тема „Заедно против насилството“. Носител на проектот е ОБСЕ во соработка со Министерството за внатрешни работи, Министерството за образование и наука и Министерството за локална самоуправа. Во проектот се вклучени 9 општини меѓу кои и Општина Македонски Брод.

На хепенингот ќе се обратат Градоначалникот на Општина Македонски Брод г-дин Милосим Војнески, претставник од полициската станица во Македонски Брод, Директорот на средното општинско училиште и еден претставник од учениците.

По обраќањето ќе следи културно-уметничка програма организирана од учениците на средното и основното училиште во Македонски Брод.

Exit mobile version