Комплетиран првиот круг на Евробаскетот во Словенија

Со одигрувањето на последните натпревари во четирите групи доцна синоќа беше комплетирано првото коло на Европското кошаркарско првенство во кое беа постигнати повеќе изненадувачки резултати.

Иако важеа за големи фаворити порази забележаа Франција од Германија, Израел од Велика Британија, БиХ од Литванија и Турција од Финска.

Резултати по групи:

А група (Љубљана):
Израел – Велика Британија 71:75
Белгија – Украина 57:58
Франција – Германија 74:80

Б група (Јесенице)
Летонија – БиХ 86:75
Македонија – Црна Гора 80:81
Србија – Литванија 63:56

Ц група (Цеље)
Грузија – Полска 84:67
Шпанија – Хрватска 68:40
Чешка – Словенија 60:62

Д група (Копер)
Турција – Финска 55:61
Шведска – Грција 51:79
Русија – Италија 69:76.

Во текот на денешниот ден ќе се одиграат средбите од 2.коло. Македонија од 21 часот за противник ја има Литванија.