Груевски: Идната година започнува со доизградба кичевската болница

Во 2014 година ќе се градат пет болници – Клиничкиот центар, ПЕТ-центарот и болницата во Козле во Скопје, и нови болници во Штип и Кичево. Премиерот Никола Груевски денеска најави дека во првиот квартал на годината ќе биде урната постојната Гинекологија и на нејзино место и на поширок проостор околу неа ќе почне изградбата на Клиничкиот центар.

Болницата Козле се гради и догодина треба да биде готова. Неодамна почна да се гради и ПЕТ центарот (Центар за позитронска емисиона томографија) кој, посочи премиерот, е инвестиција од 12 милиони евра, половина во градба и половина во опрема.

– Тоа се главните пет нови градби, а имаме и проект за реконструкција на сегашните објекти, кој се одвива согласно со планираното. Сериозни инвестиции се тоа, мислам дека долг период во Македонија немало такви инвестиции во здравството како што има во последните четири-пет години, истакна премиерот Груевски одговарајќи на новинарски прашања.