Ги славиме двата Илиндена

Со низа прослави, собири, Македонија прославува 110 години од почетокот на Илинденското востание и 69 години од Првото заседание на АСНОМ.

Да се потсетиме на беспоштедната борба на нашите предци за подобар живот, на подвигот и жртвата за слободата на Македонија. Нашата Република во Крушево беше прва на балканот, една од првите во Европа. Крушевскиот манифест, уште пред 110 години, постави јасни насоки дека неможе да се гради сопствената среќа на туѓата несреќа. Тој документ е огледало на душата на еден питом народ кој и тогаш и денес си го бара своето место под сонцето.

И за двата Илиндена и ние кичевчани, нашите славни предци го дадоа својот придонес во долгот кон татковината и идните генерации. Беа достојни и затоа до ден денес ги славиме и на нив се огледуваме.

Секогаш да ги паметиме Јордана Пиперката, Наќе Јанев, Дуко Тасев, Арсо Војвода, Кочо Матески, Ванчо Србакот, Лазор Груески, Мирко Милески, Владимир Полежиноски, Санде Штерјоски… и уште неброените кичевчани кои го жртвуваа најмилото за својот народ.

Да бидеме достојни! Секоја генерација со својата борба! Да живее Илинден, да живее Македонија!

 

Exit mobile version