Интензивна санација на улици во Кичево

Интензивно неколку дена се работи на санација на сите улици во градското подрачје, но и во околните места на Кичево. Се најавува и санација на регионалниот пат што го поврзува Кичево со РЕК „Осломеј“.

При обиколката на терен градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари изјави дека санирањето на улиците е само почеток на  континуирани интервенции секогаш кога ќе се јави потреба.

– Започнавме со реализација на еден дел на канализацијата во населбата „Долно-Пашино“, која  навистина беше голем приоритет бидеќи  отпадните води течееа низ улица што преставуваше  проблем за граѓаните кои живееат во овој дел од градот, рече Дехари.

Exit mobile version