Груевски: Има интерес за концесија и градба на автопатот Кичево – Гостивар

Изградбата на автопатиштата се одвива согласно предвиденото и во источна и во западна Македонија, оцени премиерот Никола Груевски.

Премиерот информира дека имаат начелна согласност од крупна меѓународна компанија која посочила дека ќе се јави на престојниот оглас што ќе биде објавен за изнаоѓање на концесионер за автопатот Кичево-Гостивар.

– Доколку ги прифатат условите, кои засега според компанијата се согласни, во Македонија ќе има изградба на уште една скапа автопатска делница, подвлече Груевски.

Тој посочи дека и понатаму продолжуваат да работат на изградба и реконструкција на помалите регионални и локални патишта.