ФОТО + ВИДЕО: Претставен iPhone 5

Американската компанија „Епл“ пред два дена го претстави новиот „смартфон“ – „Ајфон 5“.

„Ајфон 5“ располага со нов хардвердски дизајн и екран со големина од четири инчи, како и нов софтвер, со што ќе биде компактибилен со новата генерација за брз пренос на податоци.

Директорот за маркетинг на компанијата Фил Шилер истакна дека телефонот е тенок само 7,6 милиметри и полесен од „Ајфон 4с“, како и дека има двапати побрз процесор и динамичка антена за гласовни, дата и радио сигнали.

– „Ајфон 5“ за „Епл“ претставува „да се биде или не“ производ, смета Сара Епс, аналитичар на индустријата за мобилни телефони. Според неа јасно е дека „Епл“ ја има лидерската позиција на пазарот, но за да остане на врвот мора постојано да создава нови иновации.

Аналитичарите предвидуваат дека компанијата „Епл“ до крајот на септември би можела да продаде околу 10 милиони „Ајфон 5“.

Exit mobile version