Исчезна жена во Кичево

Исчезна Веселка Спасеноска од Кичево родена 1957 година. Таа од понеделникот 29 Април, кога последен пат е видена, го напуштила домот и до денес и се губи секаков траг. Според зборовите на нејзините синови Дуле и Живко, таа се договарала со својата снајка да се напијат кафе, но кога снаата ја побарала во нејзината соба, неа ја немало.

– Чекавме час, два мислејќи дека е излезена во продавница но неа ја немаше. Пријавивме и во полиција, од каде ни беше речено дека сега за сега нема информации за исчезната жена. Инаку таа последно беше облечена во сини фармерки и бела маица, а во текот на истиот час кога ја немаше дома , била  забележана кај разделната градба кај с. Другово, од кога  и се губи секаков траг. Пред 13 години таа имаше психички проблеми од кои се лекуваше, а и денес повремено земаше терапија. Ги молиме сите што имаат било каква информација да ни се јават, за да знаеме што се случи со мајка ми- рекоа вознемирените браќа Дуле и Живко од Кичево.

Зоран Антоски

Exit mobile version