Исчезнатата кичевчанка пронајдена мртва

Вчера околу 16 часот во водите на Треска кај местото Лаг пријавено е дека е забележан женски труп.

Екипи на МВР излегле и го извадиле телото. Откако било идентификувано од страна на роднините, утврдено е дека станува збор за Веселинка Спасеноска (56) која исчезна на 29 април.

Трупот бил во доста лоша состојба. Предаден е на обдукција по што ќе се утврдат причините за смртта.

Веселинка Спасеноска последена пат била видена на 29 април кога го напуштила домот и оттогаш и се губи трагата.