Исти кутии за сите цигари

Уставниот суд на Австралија денеска поддржа нов закон со кој сите цигари ќе бидат во исти маслино-зеленасти пакувања  и без логотип на производителот и со фотграфии кои предупредуваат на последици од пушењето.

Предвидено е законот да стапи на сила на 1 декември. Законот е на предлог на Владата, која верува дека ќе придонесе за намалување на бројот на пушачи во Австралија и беше донесен минатата година.

Големи компании како Бритиш американ тобако и Филип Морис го оспорија пред суд.

– Мнозинство членови на судскиот совет смета дека законот не е во спротивност со Уставот на Австралија, се вели во кусо соопштение. Донесување сличен закон разгледуваат во Нов Зеланд, Индија, Велика Британија и дел од американските држави.

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Exit mobile version