Истражување од 75 години ја откри тајната на среќниот живот

Истражувањето кое траеше дури 75 години се обиде да ја открие тајната на исполнет и среќен живот.

Психијатарот Џорџ Вајлант, професор на Универзитетот Харвард, тврди дека истражувањето покажало дека ако луѓето се придржуваат до петте совети, кои секој може да ги примени, ќе има исполнет и задоволен живот.

Љубовта е најважна

Можеби оваа теза делува премногу очигледно. Љубовта навистина е клуч за среќен и исполнет живот. Вајлант тврди дека постојат две среќи: првата е љубов (не само романтичната), а другата е изнаоѓање на животниот пат во која љубовта не е пречка. Секако најважното откритие на ова истражување е фактот дека врска со партнерот пресудна за среќа и задоволство. Можете да имате успешна кариера, пари и здравје, но без среќна љубов и поддршка никогаш нема да бидете среќни.

Среќата не е во парите и моќта

Откриено е дека парите и моќта не се во корелација со среќата. Но, тоа никако не значи дека парите и моќта не се важни, но тие се само мал дел од многу поголемата слика. Научниците исто така, откриле дека задоволството на работното место е многу поважно од количината на заработените пари.

Врските се пресудни

Цврстата поврзаност со семејството и роднините, со пријателите и колегите е најсилен индикатор на задоволство во животот, како и врската меѓу работа, хоби, пријатели и други аспекти во животот.

Предизвици и перспектива

Патувањето од пуберт до возрасност е пат од нарцисоидност до поврзаност. Голем дел од тие промени се важни за односот на луѓето кон предизвиците. Поточно, тајната е во друга перспектива. Себичните мотиви заменете ги со креативност, помагајте на другите и прифаќјате предизвици. Механизмите со помош со кои се соочуваме со предизвиците имаат значително влијание врз социјалната поддршка и целокупната благосостојба. Вајлант истакнува дека креативното истражување исто така е одличен начин на продуктивно соочување со предизвиците и достигнување на среќата.

Среќата е зад аголот

Без оглед колку нашето детство било тешко или живот не не милувал, секогаш можеме да бидеме среќни. Еден од испитаниците кои учествувале во истражувањето на почетокот на самото истражување имал статистички најмали можности да биде среќен, а на крајот завршил меѓу најсреќните. Вајлант наведува дека тоа се случило бидејќи тој целиот свој живот го потрошил барајќи љубов.

Exit mobile version