ФОТOГАЛЕРИЈА: Свечено отворен шестиот по ред Меѓународен фестивал „Д-р.Владимир Полежиноски“
Во големата сала на Центарот за Култура „Кочо Рацин“, вчеравечер беше свечено отворен шестиот меѓународен фолклорен фестивал „Д-р. Владимир Полежиноски“. Фестивалот го отвори заменик-министерот за Локална самоуправа М-р. Ѓорѓија Сајкоски кој своевремено го организирал првиот ваков меѓународен фестивал.
Отворањето првично беше најавено да се одржи на платото, но беше поместено поради лошите временски услови.
На овој фестивал ќе учествуваат гости Бугарија -Струмјани, од Србија – Младеновац, од Хрватска – Загреб, од Албанија-Либрашт како и гости од Естонија и Белорусија. Пред кичевчани ќе се претстават домашните КУД„ Кочо Рацин”, КУД „Младост”,КУД „Нико Пусоски”, КУД „Бисер” и КУД „Јусуф Албани”.
Претставите започнуваат во 20.30 часот на платото пред НУЦК „Кочо Рацин“ и ќе траат наредните три вечери.