Ивана Поповска – Писател, новинар, хуманист

Би набројувала до бесконечност, бидејќи оваа млада девојка ги заслужува сите тие епитети кои се составен дел од нејзиниот живот. Ивана неуморно работи, секој ден истакнувајќи се со своите особини, што е реткост во денешно време. Својот труд и знаење несебично го споделува со блиските соработници, активна е и како писател и како новинар во Радио.Мк. овие денови во подготовка е нејзината втора книга “Ги допирам ѕвездите”, која претставува збир на најубави поеми и песни со различна содржина.

Но Ивана не застанува тука – таа продолжува да чекори напред, секојдневно откривајќи нови нешта кои и го исполнуваат животот и ја прават неизмерно среќна. Во таа насока овие денови беше организирана хуманитарна акција заедно со жените на невладината организација – СОЖМ.

Таа активно се вклучи и даде свој придонес за проектот да се реализира на најдобар можен начин. Се донираа алишта за многудетните семејства, обувки, храна и слично. Оваа акција секој би ја поддржал бидејќи помошта секогаш е добредојдена. Живееме во време кое секој ден ни наметнува нови проблеми и ризици, материјалната положба на семејствата е несигурна, со еден збор би кажала – Добрината со добрина се враќа. Се надевам дека и во иднина ќе има вакви слични акции каде би се вклучиле повеќе градови и би се донирало што повеќе помош за семејствата на кои вистински им треба. Хуманоста е ососбина која ретко кој во денешно време ја има. Затоа да ја поздравиме оваа акција со желба за многу успех понатака.

Оливера Ширгоска

Exit mobile version