Иванов во Кичево:Србија и Грција сакаа да ја поделат Македонија

Претседателот Иванов пред студентите на Правниот факултет одржа предавање на тема Владеење на правото. По исцрпното предавање на претседателот, следуваа прашања од страна на студентите,а едно од нив се однесуваше на  хашката пресуда  и бенефитот кој треба да го има Македонија од позитивниот исход на овој судски процес.

-Јасно беше дека хашката пресуда ќе биде позитивно решена во наша  полза . Иако се уште не ги започнавме преговорите за влез во ЕУ ,сепак состојбите значително се променија во наша корист, бидејќи голем број членки на ЕУ се свртеа на наша страна, ги собравме нивните симпатии и сами се уверија дека Македонија е во право.

Претседателот  натаму потсети  дека во средината на 90-тите години било договорено  сите екс југословенски републики, се што внеле во заедничката држава можат да си го вратат назад. Така и Србија сметаше дека и Македонија  ја внела во големата држава и  дека има право да располага со неа. Јавна тајна беше дека постоеше српско-грчки договор да ја поделат РМ ,дури беа нацртани и границите каде  ќе се граничат нашите сегашни соседи од север и од југ- рече претседателот Ѓорѓе Иванов.

Зоран Антоски

Извор: Нова Македонија