Во Македонски Брод секој десетти жител на советничка листа

Ни помал град, ни повеќе советнички листи за претстојните локални избори. Тоа е актуелната слика на првиот град на реката Треска деновиве, кога се поднесуваа кандидатурите за градоначалници и советничките листи, за претстојните локални избори.

-Нашиот град е рекордер по бројот на советнички листи, кои беа поднесени за претстојните локални избори.Така што во нашата општина поднесени се дури 19 советнички листи „најмногу во земјава“,од кои 4 се на политички партии , додека 15 се независни листи- информираа од ОИК за М.Брод.

Дали преку ноќ политиката ги преокупира жителите на Македонски Брод или тешката економска ситуација ги присили, да влезат во трката  за едно од тринаесетте советнички места, колку што има во општината.

-Единствената причина за големиот број советнички листи во М.Брод, се стотината евра паушал кои секој месец ги добиваат членовите на општинскиот совет. Безработицата ги премисли луѓето и  тие сега единствената шанса за сигурен приход ја гледаат токму  тука.Така што речиси 10 проценти од населението во нашата општина ,се наоѓа во некоја од советничките листи, што е рекорд вреден и во светски рамки-рече Милосим Војнески, актуелниот градоначалник на општина М.Брод.

Зоран Антоски

Извор: Нова Македонија