Изгорена до темел уште една Православна црква

Антиохиската православна црква Св. Сергиј и Бах беше симбол на ал-Тавра (познат и како ал – Табка). Тоа беше импресивна, модерна структура со голем двор, опкружена со високи ѕидови. Црквата беше сместена на главната улица во близина на јужниот брег на езерото Асад кое беше популарно место каде локалното население одеше на вечерни прошетки. Неговата елегантна купола со крст, можеше да се види од сите страни на Третиот четврт (познат и како Хај ал-Иштиракија), каде беше сместена.

Духовно, црквата беше под јурисдикција на Архиепископијата од Алеп. Нејзиниот митрополит Булос ал – Јазиги беше киднапиран и брутално убиен на 22-ри април годинава, заедно со сирискиот правословен митрополит во истиот град Грегорис Јоухана Ибрахим.

Црквата беше изградена во периодот помеѓу 1985 и 1994, на земјиштето кое беше понудено од страна на советот на ал- Тхаврах и можеше да прими околу 300 верници. Освен што оваа црква примаше повеќе од 250 православни семејства исто така во неа доаѓаше и локалното христијанско население кои немаат свои места каде што можат да се молат, вклучително и малата сириска православна заедница.

Ова исто така беше едно од двете христијански места за молитва во градот, а другото е малата црква Св. Џорџ која и’ припаѓа на асириската црква од истокот. Оваа црква е изградена околу 1973 година, во постариот дел на ал-Тхаврах, локално познат како ал-Карјах (село).

На 11-ти февруари, бунтовниците од исламистичката џихадистичка група „ал Нусра фронт“, која од страна на САД, ОН, Австралија и Обединетото Кралство се смета за терористичка организација, ја презема контролата врз градот и стратешката хидроелектрана (најголема во земјата). Тие исто така ја преземаа контролата врз трите градски четврти кои беа дом на работниците во хидроелектраната и каде беше сместена христијанската црква Св. Серхиус и Бахус и каде беа сместени најголем број христијани.