Изложба на воената опрема на АРМ во касарната во Кичево

По повод роденденот на Армијата на Република Македонија, 18-ти август, денес, 16-ти август во кичевската касарна „Чеде Филиповски – Даме“ ќе се одржи изложба на борбени средства, техника и опрема кои ги користи нашата армија.

Истовремено вакви изложби ќе бидат организирани и во Скопје, Куманово, Петровец, Штип и Прилеп, каде во текот на денот, граѓаните ќе можат да ја посетат изложбата и да се дружат со припадниците на АРМ.

Прв пат оваа година на плоштадот „Македонија“ во Скопје со почеток во 19:00 часот ќе се организира концерт на воениот оркестар и повеќе естрадни уметници. Програмата ќе биде збогатена и со настапот на фолклорната група на Детскиот културен центар ,,Карпош“ од Скопје, а настап ќе имаат и припадниците на баталјонот за почести на АРМ, кои ќе ја изведат точката „ЕГЗИРЦИР“ со која ќе ги демонстрираат нивните вештини и строева извежбаност во работа со пушка.

Армијата на Република Македонија оваа година одбележува 21 година од своето постоење.