Изворот Студенчица во добра кондиција

Изворот Студенчица од кој се снабдуваат Кичево, Прилеп, Македонски Брод и делумно Крушево и двете помали рурални општини Долнени и Пласница бележи најголема дарежливост во последниве 30 години. И покрај високите температури неговата издашност во моментов изнасува 1940 литри вода во секунда.

Од ова, 550 литри се упатуваат накај Прилеп, за Кичево се наменети 220 литри, додека за Македонски Брод од 22 до 25 литри во секунда. Крушево преку ден користи вода од сопствени извори, само во текот на ноќите се насочуваат по 30 литри вода во секунда.

Exit mobile version