Проектот Јужен поток нема да се реализира
Милер, кој го придружува рускиот претседател Владимир Путин во Турција, истакна дека Јужен поток воопшто не е актуелен.
Претходно, Путин по руско-турските преговори на високо ниво истакна дека „во сегешните услови Русија нема да го реализира проектот Јужен поток. Како причина за тоа ја посочи Бугарија.
– Бидејќи досега не добивме одобрение од Бугарија ние сметаме дека под овие услови Русија не може да продолжи со реализацијата на овој проект. Сега треба да почне изградбата на цевководот во Црно Море. Ние не можеме да почнеме изградба во морето се додека не добиеме одобрение од Бугарија, истакна Путин на прес-конференцијата во Анкара по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Путин и предложи на Бугарија да побара отштета од Европската унија за изгубената добивка од проектот Јужен поток.