Каде за Нова Година?

Броиме ситно до Нова Година. Понуди еден куп. Има за сечиј џеб. Од домашна организација, пречекување во кафиќи и кафани, па до некоја странска дестинација за оние со подлабок џеб. Каде, со кого, колку чини, што ќе добијам… така некако се кројат плановите. Секој сака убаво да помине. Нова Година е различна вечер од останатите. Некој поминува поубаво првата, некој втората вечер, некој и двете, а поретко има и такви (ама ги има) што незнаат како поминале, ама знаат дека завршиле на токсикологија. Се надевам годинава ќе има најмалку од последниве. Се надевам дека помалку ќе се употребуваат и пиротехнички средства и огнено оружје. Едноставно да уживаме во добра атмосфера со најблиските. За жал прослава на плоштад по се изгледа нема да имаме.

Сите кафиќи, кафани, ресторани… во Кичево имаат организирано новогодишна шема. Дел од кичевчани ќе останат дома на забава или седенка. Дел ќе поминат работно. Дел ќе заминат надвор од Македонија. Правиме мала анкета, каде Вие ќе ја прославите новата година?

Каде ќе ја прославите Новата Година?

Види резултати

 Loading ...
Exit mobile version