Кадетите на Напредок на чекор до Суперлигата

Утре на градскиот стадион во Кичево кадетите на ФК Напредок го играат последниот натпревар на домашен терен оваа сезона. Младите кичевчани се на чекор до влез во суперлигата и одат на сигурна победа.

Силите ќе ги вкрстат со екипата на Телент 2010 од Битола. Натпреварот започнува во 12.00 часот.