Кај Напредок ништо ново

Кога е во прашање екипата на Напредок тогаш се е јасно нов пораз и ништо друго.

Така беше и на Филип Втори против екипата на Вардар каде што гостинот од Кичево доживеа нов првенствен пораз  од 4-0, и ја продолжи очајната серија резултати  од вториот дел.

Напредок како и на повеќето натпревари пролетва, особено кога игра на гости, покажа многу слабости во својата игра,одбраната делуваше многу порозно, додека нападот како и да не постоеше.

Во таква констелација на односите не можеше да се очекува и поинаков епилог освен висок пораз на Филип Втори. Сега и дефинитивно Напредок ќе мора, ако сака и до година да биде прволигаш опстанокот во елитата да го побара преку дополнителен бараж натпревар, бидејќи последните триумфи на Дрита и Пелистер се повеќе го доближуваат Напредок кон зоната за бараж. Само чудо може да ги спаси сино-белите од избегнување на едно од местата, од каде би продолжиле во елитата без дополнителен  меч.

Никој по есенскиот дел од сезоната не можеше ни да претпостави дека екипата, која до вчера целеше кон Европа пролетва ќе доживее ваква хаварија.

Зоран Антоски